Каратистите на Макпетрол ја отвораат сезоната на Карате 1 Серија А лигата во Атина

Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Карате 1 Серија А (Премиер лига), а на него ќе учествуваат и членови на Макпетрол. Најквалитетните светски каратисти ја отвораат сезоната во лигата на турнири организирани од Светската карате федерација.

Пријавени се учесници од 81 држава, со 1094 спортисти, кои што од 12 до 14 јануари ќе се натпреваруваат во Атина. Сениорскиот тим на „Макпетрол“ ќе учествува со осум спортисти во машка и во женска конкуренција.

Претставниците на скопскиот клуб се добро подготвени. Тие на почетокот на годината заминаа во Охрид, каде што една недела се подготвуваа непосредно пред овој турнир и очекуваат да имаат добри настапи на почетокот на новата сезона која започнува со овој натпревар.

На турнирот во Атина ќе учествуваат следните каратисти: Петар Заборски (-75 кг), Петар Спасеновски (-84 кг), Давид Петков (-67 кг), Стефан Стојановиќ (+84 кг), Витомир Трајковски (-84 кг),  Симона Заборска (-55 кг), Викторија Јовановска (-61 кг) и Јована Мицовска (-61 кг).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО