Игор Стефановски – Иџе, eвропскиот шампион во автомобилизам е најдобриот спортист на Македонија за 2014 година!
Во изборот учествуваа националните спортски федерации (ССФМ), Агенцијата за млади и спорт (АМС), преку седумчлениот спортски совет, како и спортските новинари од македонските медиуми. На Стефановски вечерва на свеченоста во Македонскиот народен театар официјално беше прогласен за најдобар спортист во 2014 година.
„Секако не може со зборови до крај да ја искажам благодарноста за ова признание. Ова е за мене поголемо и од европската титула затоа што доаѓа од мојата држава, затоа што доаѓа како избор од спортски работници и од новинари и медиуми кои цело време ме поддржуваат. Се надевам дека успехот на интернационалната сцена ќе го повторам и следната година“ – истакна Стефановски по добивањето на признанието.
Слободно може да се каже дека ова е година каратето и дека е спорт број еден во Македонија.
Берат Јакупи е прогласен за најдобар млад спортист, бидејќи стана јуниорски европски првак. Женскиот ката тим (Маријана и Мишела Димоски и Пуликсенија Јовановска) е најдобар во женска конкуренција, златен медал во кати на Балканско првенство во Охрид. А Пуликсенија Јовановска за најдобра млада спортистка, за 3-то место на ЕП јуниорки (прв Европски медал за македонското карате во Лисабон во кати). Додека за најдобра универзитетска екипа е прогласена студентската карате репрезентација од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, која Светското универзитетско место во бобри го освои сребрениот медал (Горан Иванов, Симон Антиќ, Спасо Илиевски, Никола Иловски и Ивица Цветковски).
Ќе потсетиме дека европскиот шампион Емил Павлов беше во трката за најдобар спортист на Македонија.
Најдобар македонски спортист во странство сосема очекувано беше прогласен капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров.
Од останатите награди наша најдобра спортистка е фудбалерката Наташа Андонова, а најдобар тренер за 2014 година селекторот на одбојкарската селекција, Жарко Ристовски.
Ракометната федерација на Македонија, пак беше прогласена за најдобра спортска федерација која успешно го организираше Светското првенство за кадетки до 18 години, а преку репрезентацијата ќе биде присутна и на Светското првенство за мажи во Катар.
Признанија за посебен придонес во спортот добија и македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски, како и ракометните тренери Лино Червар и Индира Кастратовиќ.
Исто така признанија беа доделени и на стопанствениците кои силно вложуваат во македонскиот спорт, Минчо Јорданов од Металург и Сергеј Самсоненко од Вардар.
НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ЗА 2014 ГОДИНА
Спортист на годината: Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам)
Спортистка на годината: Наташа Андонова (фудбал)
Најдобар македонски спортист во странство: Кирил Лазаров (ракомет)
Федерација: Ракометна федерација на Македонија
Тренер: Жарко Ристовски (селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија)
Машки тим: Ракометната репрезентација на Македонија
Женски тим: Карате селекцијата на Македонија
Најдобар спортист со инвалидитет: Оливера Биковска – Накова (стрелаштво)
Млад спортист: Берат Јакупи (карате)
Млада спортистка: Поликсенија Јовановска (карате)
Награди за посебни придонеси во спортот: Томи Стефановски (пливање), Индира Кастратовиќ (ракомет), Лино Червар (ракомет)
Истакнати личности и стопанственици со особен придонес во спортот: Минчо Јорданов (Металург) и Сергеј Самсоненко (Вардар)
Универзитетски спорт: Карате репрезентацијата на Македонија
ipon.mk/В.Д.