Каратето потенцијал и за Олимписките игри (ФОТО)

karate rep pres site vo ASM 2.8.2016

Со шест медали се врати македонската карате репрезентација од Европското првенство за младинци, јуниори и постари јуниори, кое се одржа викендов во Лимасол (Кипар). Каратистите докажаа дека се огромен потенцијал и тоа во момент кога треба да биде донесена одлука дали овој спорт ќе стане олимписки спорт за ЛОИ во Токио во 2020 година.

karate rep pres vo ASM 8.2.2016

Еден сребрен (во кати) и пет бронзени (4 во борби и 1 во кати) медали е историскиот успех на едно вакво натпреварување на кое учествуваа повеќе од 940 натпреварувачи од 48 држави, или, како што рече тренерот на репрезентацијата за јуниори до 21 година Арлинд Хусеини: „На историкиот успех ни фалеше уште златен медал, за да биде епетен историски“.

karate rep kata pres ASM 2.8.2016

„На сребрениот успех на светското првенство на женскиот ката тим се надоврза и европската бронза, што го вбројува овој тим во листата на непосакувани противници. За успех на секое натпреварување покрај констатното залагање потребни се и добра среќа во ждребот, како и фер судење. Тоа се параметри кои овојпат како и многупати пред тоа не ни беа наклонети. Но и тоа не беше пречка за освојување на бронза на македонскиот женски ката тим, но и сребрен медал во машка конкуренција за Абдурахман Идризи, кој е прв поединечен медал во кати за Македонија воопшто“, рече селекторот на ката тимот, Златко Димовски на денешниот прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС) и додаде дека Идризи ја сикористил укажаната шанса со поволниот жреб.

karate repreze na pres vo ASM 8.2.2016

Директорот на АМС, Марјан Спасески најави дека агенцијата и понатаму ќе продолжи да ги поддржува македонските спортисти, а сето ова е мотив повеќе за идни поголеми успеси.

„Остварувањето на ваквиот успех е уште еден доказ дека каратето е спорт со огромен потенцијал во Македонија. Изминатиов период имавме одлични резулатати на скоро сите настапи и во сите возрасни категории, што укажува на фактот дека соработката која АМС ја има со оваа федерација е од големо значаење и дека и во иднина Агенцијата финансиски ќе продолжи да ги поддржува сите настапи на македонските репрезентативци“, истакна Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Постигнавме огромен успех на Европското првенство, вели тренерот на кадетите и јуниорите во борби Александар Кузмановски, и додава дека е испишна историја на македонското карате со  освојувањето на шест медали.

„Задоволен сум од успехот на кадетско-јуниорската репрезентација. Продолжуваме понатаму. На Балканското превнство и на Европското првенство за сениори да го задржиме реномето на македонското карате со освојување на медали“, рече Кузмановски.

reprezentacija vo ASM 8.2.2016 karate

Арлин Хусеини ќе рече дека ова е историски резултат и дека очекувал многу повеќе, особено во машкиот дел на репрезентцаијата до 21 година, зашто има голем квалитет.

„Мартин Стојменов (-60 кг) првите две борби одлично ги изработи, во третата борба по мала грешка изгуби медал. Исто така и Адил Мехмед (-67 кг) изгуби во третата борба, а очекува многу од него. И од Виктор Крстевски (-84 кг) очеува многу повеќе, но во првото коло се сретна со искусниот репрерзентативец на Англија,освојувач на повеќе медали. Од Азиз Исмаил очекува успех, тоа и го оставри. И во иднина очекувам повеќе медали и на БП и на ЕП. Овој кавлитет мора да продолжи да носи успеси, бидејќи верувам во нив, но затоа е потребан квалитетна работа. На ЕП ни фалеше само злато, но и него ќе го освоиме на наредните првенства“, анализираше Хусеини.

Петар Спасеновски истакна е задоволен што го освоил бронзениот медал, бидејќи од идната година ќе се натпреварува во јуниори до 21 година и верува и во поголеми успеси.

„Освојувањето на бронзениот медал за мене имаше посебно значење, затоа што ова ми беше последен натпревар во оваа конкуренција“, истакна Азиз Исмаил, којим се заблагодари на тренерите во клубот (Металург) и на тренерот на репрезентацијата.

Моника Пендаровска која има три медали од европските првенства е среќна и вели дека веќе ќе се бори за медали во сениорска конкуренција.

„Ветувам дека ќе тренирам и достоинствено ќе ги бранам боите на Македонија“, категорична е Пендаровска.

Столе Смилковски истакна дека му била голема чест што ја претставувал македонија на ЕП, а воедно на сите репрезентативци и честиташе на успехот.

Носителот на сребрениот медал во кати, кое единствен до сега за Макеоднија на ЕП, Абдурахим Идризи, рече дека по овој успех се чувствува среќно.

„Срдечно се заблагодарувам на сите што ми помогнаа, како на тренерот Столе Андијевски и на претседателот на КФМ, Дарги Стојановски“, потенцираше Идризи.

Во името на ката тимот се обрати Маријана Димоска.

„Повторно докажавме дека сме меѓу трите најдобри репрезентации во Европа и светот. Победивме силни репрезентации и сум задоволна од освоениот медал. Се надевам на резултат и од сениорското ЕП“, беше категорична Маријана.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON