Иако е „бош“ период за каратистите, тие (репрезентативците) решија формата да ја одржуваат. Прва станица беше синоќа на „Пиво фестот“ во Прилеп.
Со здружени сили и борбаши и каташи се веселеја на песните на Наум Петрески и Оливер Драгојевиќ. Носителите на бронзените медали од Европските игри во Баку, Азербејџан, Мартин Несторовски и Емил Павлов имаа беспрекорен дочек од домаќините Пуликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски Тодор Ристески.
Близначките Маријана и Мишела за да не им прават забуни на другарите од репрезентацијата беа облечени во различни маички.
Не знаеме од кои причини отсуствуваше тренерот на репрезентцаијата Петар Белистојаноски, но ќе мора да го санкционираат репрезентативците.
Не знам, дали гостите биле добри гости и кажале кое најдобро пиво, но го чекаме нивниот одговор!
ipon.mk/В.Д.