Карате-СП: Задоволни од настапот но не и од резултатот (ВИДЕО)

2014-11-13 13.36.08

Општа е оценката на тренерите на карате репрезентацијата и натпреварувачите на штотуку завршеното Светско првенство за сениори во Бремен, Германија, задоволни од настапот но не и од резултатот. Ова го констатираа тренерите Петар Белистојановски (борби) и Злато Димоски (кати) на денешната прес-конфренција на Карате федерацијата на Македонија, како и репрезентативците Емил Павлов, Берат Јакупи и Симона Заборска. Беше нагласено дека за малку ни избега медал, мислејќи на Еми Павлов кој стигна до полуфиналето и загуби од Бразилецот Борсе, а подоцна и во репасажот за бронзениот медал од репрезентативецот на Русија Платкунин.

Белистојановски вели дека во екипниот дел во борби сме немале среќа во жребот, бидејќи бевме во многу тешка група. Прво ја победивме Шпанија, а потоа налетавме на Турција.

Златко Димоски истакнува дека се оствариле неговите прогнози да настапиме 1-2 кола, но и во група да не ни се паднат Виетнам и Јапонија. Токму тоа и се случи, Македонија во третото коло наиде на Виетнам, која пак потоа се сретна со Јапонија.

kata tim na sp

– Констатацијата на сите стручњаци е дека сме тука некаде, близу поделбата на медалите-рече Димоски, додавајќи дека со судии надвор од Европа може да се надеваме на подобри резултати.

– Нашиот тим е перспективен. Верувам, во иднина ќе донесат медал од Европско или Светско првенство за сениори-тврди Димоски.

Европскиот првак Емил Павлов истакна дека неговата цел била да освои медал, но и дека не се разочарува и дека уште повеќе ќе се подготвува за да освои медал од СП.

На прашањето дали со поголем ризик против Борсе можеше да влезе во финалето, бидејќи има подобра рачна техника од противникот, на кој, пак, главен адут му беше ножната техника.

-Цело време внимавав на неговата нога, а сакав да му земам поен, но со неколкуте влезови не успеав. Тој е многу искусен каратист, кого претходно го имам победувано, но и тој мене- рече Павлов.

Заборска посочува дека се уште е јуниорка и дека нејзиното време доаѓа, а со тоа и успесите. Додека Берат Јакупи посочи дека тој и Павлов пред СП беа вбројувани во фаворитите за медал, па затоа противничките табори детално ги анализирале нивните борби. Мотивот не паѓа, туку, ова е охрабрување за уште поенергична работа за нови успеси.

znameto na sp

Членот на Извршниот одбор, Горан Милковски, нагласи деика можеби малку повеќе сме ги исфорсирале репрезентативците на Балканското првенство во Охрид и Карате 1 Премиер лигата. Со оваа констатација се согласува и Белистојановски, но тврди дека репрезентативците беа во подобра форма на СП отколку на БП  и дека петтото место на Павлов е многу добар пласман. Сепак, тој смета дека треба да се размислува за календарот на настапи.

Ова се млади и перспективни каратисти, така што во иднина може да очекуваме успеси од нив на најголемите меѓународни првенства.

ipon/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON