Карате репрезентацијата-деца патува на Балканското првенство по нов рекорд

kartitisti bp site medalisti

Македонската карате репрезентација за деца вечерва патува за Белград-Србија, каде што ќе се одржи 21. Балканско првенство за деца. Нашата репрезентација со 119 натпреварувачи е најбројна, пред Босна и Херцеговина со 115 учесници.

На Блаканското ќе настапат 11 држави со 781 натпреварувач, а покрај нашата земја ќе учествуваат Србија, Албанија, Хрватска, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Турција, Романија и Бугарија.

Во составот на нашата репрезентација се освојувачите на медали од Државното првенство.

Ова се шампионите од Државното првенство за деца.

 Шампиони станаа во кати: Аврамова Владанка, Јанчовска Каролина, Манчевска Јована, Алексовска Андреа, Неделковски Александар, Бајовски Кристијан, Аврамов Петар, Пешков Андреј, Урбан Инвест – Маневска Миа – Муфтарова Ивона – Аврамова Владанка, Форца – Исаки Сухејља – Буши Арта – Адеми Јусра, Фунакоши Гичин – Бајовски Кристијан – Манчевски Бојан – Спасовски Александар, Урбан Инвест – Стоев Лазар – Николоски Никита – Аврамов Петар;

Кумите: Милева Марија, Петровска Марија, Јовановска Викторија, Рамо Лорјана, Шахинова Мартина, Божиновска Магдалена, Исаки Сухејља, Адеми Јусра, Николовска Симона, Мишовска Михаела, Буши Арта, Тасевска Ива, Свинарски Марио, Јонузи Исник, Мишчаковски Иво, Џамѓозов Бобан, Вејсели Ветон, Гафури Шериф, Хаџи-Кимов Григор, Беќири Иљир, Мусљији Омер, Хоџиќ Бенан, Ферати Арбин, Костов Бојан, Цека Дардан, Петров Ѓорги, Трајковски Витомир, Јонузи Бесар, Белистојаноски Матеј, Ангеловски Андреј, Омерагиќ Дарин, Тошев Мартин и Максимовски Владимир.

Да потсетиме дека македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години освои 22 медали (6 златни, 3 сребрени и 13 бронзени медали) во конкуренција на 11 земји со околу 900 натпреварувачи и го освои второто место, зад Турција, а пред Србија, Босна и Херцеговина.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON