Карате репрезентативецот Ненад Келебиќ, кој е и пожарникар, апелира:
„Четири дена веќе како помагаме во загрозените области кои се покосени од овакви бранови, а штетата можете да ја видите на дневните вести на телевизија и по социјалните мрежи! За да се вратат овие подрачја во нормална состојба треба уште многу работа! Затоа, апелирам до сите сограѓани од Скопје и секој кој е во можност да помогне, дали тоа ќе биде преку донација или со волонтерска работа, битно е да се преземе нешто! Направете го тоа од хуманост, направете го заради вас и вашата совест“!
Ipon.mk/В.Д.