Сребрен медал за Симона Заборска на Светското униврезитетско првенство (ФОТО)

Simona na piedestal SUP 2016

Симона Заборска (-55 кг) е втора на Светското универзитетско првенство во карате во Брага-Португалија. Заборска во финалето загуби со 2-0 од Емили Туј од Франција.

Заборска до финалето забележа три победи и тоа против Саида Џедра од Алжир со 1-0, Лерез Марис од ЈАР 1-0 и Аја Ибрахим од Египет 2-0.

Simona finale SUP 2016

Пред некој час и Наташа Стефановска го освои сребрениот медал на најголемиот карате собир на студентите во светот.

Сара Радичевска во борбат за бронзениот медал беше порзена од европската шампионка Бетина Планк од Австрија.

Sara Radicevska borba so Japonka na SUP 2016

Радичевска првата борба против Аликс Хернандез Слазар од Мексико ја доби со судиско изјаснување при резултат 0-0, а во втората загуби од Јапонката Михо Мијахара со 6-0. Во во репасажот славеше со 5-0 против Белгијката Надија Отен.

Утре преостанува борбата екипно борби за бронзениот медал со Норвешка.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО