Карате репрезентативците треба да си го платат патот и престојот на Европското првенство, одлучи КФМ

Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија на вчерашната седница, по пат на електронско изјаснување, го утврди списокот на патници за Европското првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија, од 22 до 26 март, и донесе одлука за финансирање на натпреварувачите за настап на ЕП.

Ова се репрезентативците кои ќе не претставуваат на ЕП:

Индивидуален настап
1.Мартина Арсовска, ката сениори женски
2.Кристијан Бајовски, ката сениори машки
3.Теодора Цветкоска, кумите сениори женски -50 кг.
4.Јована Георгиева, кумите сениори женски -55 кг.
5.Вероника Костовска, кумите сениори женски -61 кг.
6.Ангела Мојсовска, кумите сениори женски -68 кг.
7.Бојана Манева, кумите сениори женски 68+ кг.
8.Фахик Весели, кумите сениори машки -60 кг.
9.Емил Павлов, кумите сениори машки -67 кг.
10.Петар Заборски, кумите сениори машки -75 кг.
11.Петар Спасеновски, кумите сениори машки -84 кг.
12.Стефан Стојановиќ, кумите сениори машки 84+ кг.

Екипен настап
1.Алексовска Андреа, ката екипно женски;
2.Арсовска Мартина, ката екипно женски;
3.Гашева Теа, ката екипно женски;
1.Андриќ Христијан, ката екипно машки;
2.Спасовски Александар, ката екипно машки;
3.Спасовски Давид, ката екипно машки;

КФМ донесе одлука за делумно финансирање, односно Карате федерацијата целосно ќе ги финансира трошоците за котизација за настап на репрезентацијата на Европското првенство за сениори, додека останатите трошоци во висина 54.560,00 денари по натпреварувач за сместување и превоз ќе бидат на товар на учесниците.

„КФМ откако ќе добие средства од Агенцијата за млади и спорт подеднакво ќе ги рефундира на сите учесници на првенството. А, за остварен пласман, КФМ средствата ги рефундира според Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции“, се вели во одлуката на Карате федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON