Скот Кокер истакна дека шампионите на Белатор се најдобрите борци во светот

Белатор минатиот викенд одржа настан во Даблин, а во главната борба Украинецот Јарослав Амосов со едногласна одлука на судиите го победи американскиот борец Логан Сторли.

Претседателот на ММА промоцијата Скот Кокер по настанот најави турнир во лесна категорија на кој ќе настапи и шампионот Усман Нурмагомедов.

Кокер ги пофали одличните резултати на целата организација и истакна дека Белатор ги има најдобрите борци во светот.

„Имаме еден куп убијци, па какви натпревари ќе имаме на 10 март, Усман против Бенсон, Шаблиј против Мусаев. А потоа тука се и А.Ј. МекКи против Питбул, а Барнауи се бори со Брент Примус. Прекрасно е и едвај чекам“, истакна Скот Кокер и продолжи:

„Ќе имаме одлична година, мислам дека никогаш не сме биле подобри. Организираме врвни борби низ целиот свет и ќе продолжиме со овој тренд. Го имаме најдобриот ростер. Го имаме најдобриот борец во светот во полутешка категорија, како и во средна и полутешка категорија. Кој и да победи на турнирот во лесна категорија, ќе биде најдобар во светот“.

Вадим Немков е шампион на Белатор во полутешка категорија, Џони Еблен е шампион во средна категорија, а Јарослав Амосов е шампион во полусредна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО