Карате и таеквондо демонстрација на Олимпискиот ден во Охрид

Karate na Olimpiski den vo OH

Денес се одржа олимпискиот ден во Охрид. Македонски Олимписки Комитет , ОУ ,,Христо Узунов“ и Асоцијацијата на спортови под мотото „Спорт за сите – сите за спорт“ го организираа „Олимпискиот  ден“ како  мал спортски вовед пред олимписки игри во Рио.

Olimpiski-den-taekvondo

 Настанот се одржа во дворот на ОУ ,,Христо Узунов” и на него  учествуваа 300 ученици организирани од активот по физичко образование, како и наставниците по ликовно и музичко.

HVa rang ma olimpiski den

На настанот присуствуваше и претседателот на МОК, Васил Тупурковски и  првата потврдена македонска олимпијка за Рио 2016, охриѓанката Нина Балабан, која изврши презентација на стрелаштвото и опремата од стрелаштво.

Olimpiski-den- vo Ohrid Cile i

„Преку овие „Олимписки денови“ ние сметаме дека сме учесници на еден светски олимпсики ден каде што младите се дружат, се борат за она што го сакаат а тоа е мир, културно натпреварување итн“, рече Тупурковски.

Karate demonstracija vo OH

„Да се биде олимпиец е едно прекрасно чуство, затоа што, како што во неколку наврати кажав, а и сами знаете Олимпијадата е врвот на кариерата на еден спортист. Самите олимписки вредности, самата фер игра која што владее, толеранција, запознавање на култури, запознавање на нови пријателства мислам тоа е дел од секој живот“, изјави Нина Балабан.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON