Во склоп на УФЦ 208 настанот кој викендов ќе се одржи во Бруклин промоција организираше јавен тренинг со Мишел Вотерсон.
Шесторангираниот борец на УФЦ во сламка категорија и поранешниот шампион на Инвикта ФЦ тренира карате од десетата година и во склоп нан тренингот демонстрираше некои ножни техники и како прилагодила за потребите на ММА тренирајќи кај Грег Џексон во Албукверкве.
Вотерсон последната борба ја одработи во декември, завршувајќи ја Пејџ ван Знат со давење од позади во првата рунда.