Канониер и ОСП славеа во Копенхаген, пораз на Гунар Нелсон, Ахмедовски нокаутиран (ВИДЕО)

Во главната борба на УФЦ Фајт најт 160 во Копенхаген, среднисотот Џек Хермансон (20-5, 7-3 УФЦ) е поразен од Џаред Канониер (13-4, 6-4 УФЦ)

Канониер со лоу кикови (ниски удари) во првата рунда му нанесуваше штета, а со десен аперкат во средината на втората рунда сериозно го здрма и со удари во партер го заврши со Швеѓанецот. Американецот е 3-0 од спуштањето во средна категорија.

Сребрен олимписки борач Марк Овергард Мадсен (8-0) беше брутален во своето деби за УФЦ и за нешто повеќе од една минута со удари во партер го заврши Данило Белуар (12-4, 0-2 УФЦ).

Гунар Нелсон (17-5-1, 8-5 УФЦ) е поразен со едногласна одлука од Гилберт Барнс (17-3, 10-3 УФЦ) кој упадна како замена за Тијаго Алвеш. Бразилецот го победи Нелсон во втората рунда со одлично летечко колено. 31-годишниот Исланѓанец загуби 3 од последните 4 борби, додека на Барнс ова му е четврта последователна победа.

Македонецот Ален Амедовски (8-2, 0-2 УФЦ) исто така беше поразен во својот втор настап за УФЦ. После тримесечна суспензија за позитивен допинг тест на канабис, Амедовски загуби со нокаут во само 17 секунди од Велшанецот Џон Филипс (22-9-1НЦ, 1-3 УФЦ).

Молдавката Јон Котелаба (15-4, 4-3 УФЦ) не сакаше да се бори на нозе со Калил Ронттри (8-4, 4-4 УФЦ), но веднаш реши да го собори и со удари во партер во средината на првата рунда го нокаутира Американецот. Ронтри минатото лето го нокаутира Гокан Саки.

Овинс Сент Про (24-13, 12-8 УФЦ) му го нанесе првиот пораз на Полјакот Михал Олексејчук (14-3, 2-1 УФЦ) во американската промоција совладувајќи го Вон Флук со давење во третата рунда.

Николас Далби (18-3-1, 2-2-1 УФЦ) пред домашните навивачи го совлада Бразилецот Чарлс Оливеира (19-8-1, 9-6 УФЦ).

УФЦ Фајт најт 160:

Џаред Канониер Џек Хермансон (ТКО, Р2)

Марк О. Мадсен Данило Белуардо (ТКО, Р1)

Гилберт Барнс Гунар Нелсон (едногласна одлука)

Јон Котелаба Халил Ронтри (ТКО, Р1)

ОСП – Михал Олексејчук (завршница, фон Флуе давење, Р3)

Никола Далби Алекс Оливеира (едногласна одлука, 29-28 x3)

Џон Филипс Ален Амедовски (КО, Р1)

Махмуд Мурадов Алесио Ди Чирико (едногласна одлука; 29-28 x3)

Исмаил Наурдиев Сијар Бахадурзада (едногласна одлука, 30-25 х2, 30-26)

Гига Чикадс Брендон Дејвис (поделена одлука, 29-28 x2, 28-29)

Лина Лансберг Мејси Киасон (едногласна одлука; 29-27 x2, 29-28)

Марк Дијакиес Ландо Ваната (едногласна одлука; 30-27 x2, 30-26)

https://www.youtube.com/watch?v=k_lqKQkFgwo
https://www.youtube.com/watch?v=OnreZ8dtAZM
https://www.youtube.com/watch?v=jniKcpq6omk
https://www.youtube.com/watch?v=0-UxaqQFSbw
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО