„Канго џампс“ за подинамичен и поинтересен фитнес

kango fitnes

„Канго џампс“ е новата експлозивна, високомотивирачки програма, специјално дизајниранa за да го предизвика целото тело во градење мускулна сила и кардиореспираторна издржливост. Со програмата се трошат многу калории, а секое движење е дизајнирано за да може да се фокусира на стабилноста на `рбетот и обезбедувањето баланс за време на тренингот. 

Кај нас првпат сега се изведува во „Фитнес клуб 777“, кои веќе десет години професионално се занимаваат во областа на фитнесот.
Промоторите на овој нов производ велат дека сакале да воведат некоја иновација по која ќе бидат препознатливи и уникатни. Кога рабтите сакаат да се случат го наоѓаат и човекот за таа работа. Од Финтенс клубот наишле, акде што практикуваат и повеќе боречки вештини како кик бокс, санда, ву шу, наишле на „Канго џампс“, кој зема сѐ поголем замав во светот.

Lepa Jovik kango

„Посетивме работилница каде што се стекнавме со лиценца за интернационални инструктори, добивме право на ексклузивна дистрибуција на чевлите и почнавме со работа“, вели инструкторката по „Канго џампс“, Лепа Јовиќ.

Таа вели дека за Канго цампс има голем интерес во Македонија и дека се отвораат сѐ повеќе вакви клубови, бидејќи оваа програма му одговара секому, без оглед на тежината и на здравствените проблеми.

„„Канго пауер програмата“ се вежба со помош на отскокнувачки чевли, кои го држат вашето тело исправено и во баланс, ве заштитуваат од повреди и го зголемуваат скокот. Скокај од радост – не е само израз, го опишува чувството на еуфорија, на силата и леснотијата што секое лице може да ги доживее додека вежба со забавните отскокнувачки канго-чевли“, објаснува инструкторката по „Канго џампс“.
Освен за бремени жени, доилки и луѓе со проблеми на вратниот ’рбет, експертите го препорачуваат овој спорт за сите други. Но овој фитнес не би можел да се реализира доколку не би биле отскокнувачките чевли канго-џампс.

kango jump sko

Според објаснувањата, обувките се лесни за употреба и се многу безбедни. Најпрво биле направени за атлетичари за да ги штитат нивните колена и нозе. Конструкцијата е слична на ролерките, само што, наместо тркалца, овде има федер што прави со секој удар на чевелот лицето да отскокнува. Оваа активност е карактеристична по тоа што ја избледува сликата за монотоноста на фитнесот и на други спортови.

Јовиќ вели дека тренингот се прави на тој начин што прво се учи кореографијата, чекор по чекор, сѐ додека не го совладаат сите. Чевлите биле направени да може секој да ги користи

„Со нив може да се џогира, да се тренира некоја од програмите, да се користат додека се извршува некоја активност во домот и сл. Во 1995 година, во соработка со д-р Гремион, било докажано дека тренирајќи со обувките канго џампс се трошат 20 отсто повеќе енергија и калории од кои било други обувки. Нема држава каде што не се практикува овој тип фитнес. Препорачан е од НАСА“, истакнува Лепа Јовиќ.

Поради големиот интерес веќе се организираат и обуки за инструктори, за кои интересот е голем. За да се стане инструктор по канго џампс е потребно признание за посетување часови, диплома од факултет за физичка култура или некаков сертификат како доказ дека имате познавање од областа на фитнесот или спортот. Пријавувањето за обуката, која ќе се одржи на 27 и 28 август, сѐ уште е во тек.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON