Канело за мечот со Мејведер: Не го прифаќам како пораз (ВИДЕО)

Сoл Алварез-Канело е една од најголемите боксерски sвезди на денешницата. За многумина, Мексиканецот е олицетворение да се биде најдобар во она што го работите.

Мексиканската суперѕвезда има само 30 години, но има фантастична реализација од 55 победи, 2 нерешени средби и 1 пораз. Единствениот пораз, во инаку беспрекорната статистика на Канело, е дело на Флојд Мејведер.

Тие се сретнаа во 2013 година, кога Американецот имаше 36, а Алварез 23 години. На крајот, победата му припадна „Мани“ со едногласна одлука.

Оттогаш, Сол има 13 победи и едно реми (Генади Головкин) и победи над боксерите како Ерисланди Лара, Мигел Кото, Амир Кан, Лиам Смит, Головкин, Даниел Џејкобс, Сергеј Ковалев, Калум Смит и други.

Во неговото последно појавување во медиумите, светскиот шампион во четири различни дивизии гостуваше во подкастот на Мајк Тајсон, каде беше запрашан за мечот со Мејведер.

„Имав 23 години кога се борев со Флојд. Оттогаш станав сосема друга личност и боксер“, рече Алварез во друштво на Мајк Тајсон, преведувачот Хенри Сехудо и тренерот Еди Рејносо.

https://www.youtube.com/watch?v=99zoFgtsA60

„Отсекогаш верував дека треба прво да се борам со Лара, Кото и останатите, па дури потоа со Флојд, но што и да е. Тогаш не бев толку искусен, немав зрелост. Но, не ја гледам оваа борба како загуба.

„Ваквите средби можат само да ви помогнат да станете подобри. Научив ужасно многу од тој дуел. Без овој пораз, јас не би бил тука каде што сум денес“, додаде Мексиканецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО