Канело за мечот со Џејкобс ќе заработи 35 милиони долари

56

ДАЗН има големи очекувања од мечот за обединување на титулите во средна категорија меѓу Канело и Даниел Џејкобс.

Тоа е прва навистина голема борба во САД на овој стриминг сервис, а борците во главниот меч на вечерта ќе бидат и доста добро платени.

 ВБА и ВБЦ шампион Канело Алварез за мечот со Американецот спортед податоците на Спортската комисија на Невада ќе биде платен 35 милиони долари.

Службената плата на Џејкобс е 2,5 милиони долари, но според договорот со ДАЗН, неговата вкупна заработувачка ќе надмине 10 милиони.

Останатите боксери ќе биде поскромно платен.

Британецот Џон Рајдер ќе заработи 100.000 долари за борбата за привремената ВБА титула во суперсредна категорија, а неговиот противник, Австралиецот Билал Акави, 30.000.

Поранешниот светски шампион Надал Али ќе добие 150.000 долари за средбата со Ентони Јанг (45.000 долари).