Канело: Воопшто не ми е гајле за Оскар де ла Хоја

Сол Алварез го нападна Оскар де ла Хоја откако мексиканската легенда зборуваше против него и неговата љубов кон голфот.

„Воопшто не ми е гајле за Оскар. Не сакам да слушнам ниту збор од него. Не ми е гајле што кажува за мене. Тој е будала. Живее во некој чуден сопствен балон далеку од реалниот свет“, изјави Канело за Дејли меjл.

Поранешниот светски шампион очекува Алварез повеќе време да поминува во теретана отколку во забава, иако општо мислење е дека Сол воопшто не запоставува тренинзи, судејќи според резултатите, кои ги одработува со исклучително висок интензитет во однос на другите борци на оваа ниво.

Сол Алварез треба да го брани појасот во супер средна категорија против Џон Рајдер на 6 мај во родното Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО