Канело во меч за обединување со Џејкобс, ништо од трилогијата со Головкин

Сол Алварез (50-1-2, 35 КО) во следниот меч ќе се бори за обединување на титулата светски шампион во средна категорија.

Откако во декември со нокуат против Роки Филдинг ја освои титулата на ВБА во суперсредна категорија, Канело се враќа во средина за да се бори со шампионот на ИБФ, Даниел Џејкобс (35-2, 29 КО).

28-годишната Мексиканец со победата над Генади Головкин минатиот септември ги освои титулите на ВБА и ВБЦ.

Мечот ќе се одржи на 4 мај, а местото ќе биде објавена подоцна.

Тоа значи дека во моментов нема ништо од третата битка со Казахстанецот, иако шефот на Голден бој, Оскар де ла Хоја, објави почетокот на преговорите пред неколку дена.

Џејкобс е 31-годишен њујорчанец кој преживеал рак на коските.

Во март 2017 година, како регуларе шампион на ВБА загуби на мечот за обединување од Генади Головкин со едногласна одлука, но пружи многу силен отпор и неизвесна борба.

Во последната борба минатиот октомври со поделена со одлука на судиите го совлада Серхи Деревјанченко во борбата за слободната титула на ИБФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО