Канело се враќа кон крајот на февруари

Американскиот медиум „Атлетик“ пренесува дека Сoл Алварез ќе ја брани титулата во супер-средна категорија против Авни Јилдирим на 27 февруари. Задолжителната одбрана на појасoт на ВБЦ ќе се одржи на Хард рок стадионот во Мајами, а мечот ќе се емитува на платформата ДАЗН.

Алварез го освои појасот на ВБЦ на 19 декември 2020 година кога го победи Калум Смит. Јилдирим (21-2, 12 КО) чека за предизвикувачкото место и не зачекорил во рингот откако претрпе контроверзен пораз од Ентони Дирел во февруари 2019 година.

Според медиумите од преку океанот, Алварез е пред договор за два меча со „Метчрум“ и ДАЗН, а Били Џо Сандерс е поврзуван како противник по 29-годишниот Јилдирим.

Јилдирим важи за тежок аутсајдер на меч. Тој со единствените големи имиња со кои се соочил се Ентони Дирел и Крис Јубенк јуниор. Во 2017 година, Турчинот беше нокаутиран од Јубенк во третата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON