Еден од најпопуларните светски боксери, Канело Алварез, ќе се врати во рингот на 2 ноември. Ова го изјави претседателот на промотерската компанија „Глоден бој“ Ерик Гомез.
„Ова е најдобрата опција за него, за нас и за ДАЗН“, додаде Гомез.
Ова е трета дата што е објавена.
Тој првично требаше да има меч на 14 септември, а потоа и на 26 октомври. Сè уште не е јасно кој ќе му биде ривалот на Алварез. Пред еден месец пропаднаа преговорите за трета средба со Генади Головкин. Мексиканецот имаше предлог да се бори против Русинот Сергеј Ковалев. Меѓу потенцијалните противници е и Димитриос Андраде.