Канело откри кога планира да се пензионира

Сoл Алварез веќе важи за еден од најголемите боксери на сите времиња, без разлика што ќе се случи во следните неколку години со неговата кариера. На на 30 септември се соочува со Жермел Шарло за да ја брани неприкосновена титула во суперсредна категорија. Доколку успее, ќе го заокружи скорот на 60 победи, а во овој тон ги открива плановите за крајот на кариерата.

„Мислам дека имам уште најмалку четири години, можеби пет. Професионален боксер сум од својата 15-та година. Тоа се речиси 18 години професионална борба. Отсекогаш сум велел дека ќе се пензионирам на 36-37 години. Тоа би било повеќе од доволно. Толку години се во бокс. Дотогаш ќе постигнам многу и потоа планирам да уживам во животот со семејството“, изјави Канело за Брекфаст клуб.

Моментално има 33 години и иако покажува минимално забавување во способности, тој сè уште е на врвот на синџирот на исхрана. Досега има освоено четири тежински дивизии и иако претрпе пораз од Дмитри Бивол во полутешка категорија, продолжува да цели кон повеќе вакви успеси.

Алварез е еден од ретките борци на негово ниво кој следи строг распоред. Секоја година има 3 натпревари – еднаш напролет, еднаш налето и еднаш назима. А што е уште поимпресивно, за разлика од многумина со неговиот статус, тој ги бара само најдобрите противници за да ја докаже својата класа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON