Канело не мора да плаќа 8,5 милиони долари на поранешниот промотор

Во пресрет на големата борба со Генади Головски во рингот овој викенд, Канело веќе извојува една победа во судот.

Судот во Мајами ја прифати жалбата на мексиканскиот боксер и нема да мора да плати 8,5 милиони долари на својот поранешен промотор на Ол старс, кој ја водеше неговата кариера 15 месеци.

Сепак, Канело ќе мора да плати некоја отштета, но тоа ќе биде многу помал износ.

Одлучено е дека побарата отштета од 8,5 милиони долари е шпекулација и случајот се враќа на судијата за да го одреди новиот износ.

Ол старс боксинг од Флорида беше промотор на Канело на почетокот на неговата кариера кога имаше 18 години. Го застапуваа од септември 2008 до декември 2009 година.

За тоа време, компанијата организираше 9 борби, ги плаќаше сите трошоци и обезбеди пренос на телевизија.

Го тужеа поради прекршување на договорот по потпишувањето на договор со промоцијата Голден бој.

Канео долго време тврдеше дека нема никаков договор со нив. Адвокатот на мексиканската ѕвезда, Џоел Первин, рече дека Канело, најверојатно, ќе мора да плати 50.000 долари за боксерски патики, авионските билети и други трошоци за кои Ол старс има документација.

Судот во Мајами одлучил во 2016 година дека Сол Алварез – Канело треба да плати 8,5 милиони долари, додека Голден бој е ослободен.

Апелациониот суд утврдил дека Ол старс не понудиле никакви докази за да ја оправдаат толквата отштета, туку нивното барање било засновано на претпоставки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО