Сoл Алварез – Канело направи преглед на изминатата 2021 година. Мексиканскиот боксер зад себе остави уште една година во која не беше поразен, а освои и нови титули.
„2021 година беше полна со предизвици и среќен сум што постигнавме се што зацртавме. Возбуден за она што доаѓа оваа година“, напиша Алварез на својот Инстаграм профил, позирајќи со шампионските појаси.
Во 2021 година, Мексиканецот извојува победи победи над Авни Јилдирим во пресметката за светските титули (ВБЦ, ВБА Супер) во суперсредна категорија, над Били Џо Сандерс за појасите (ВБЦ, ВБО, ВБА Супер) и над Кејлеб Плант за титулите (ВБЦ, ВБА Супер, ВБО и ИБФ).
На овој начин, Алварез стана првиот неприкосновен светски шампион во суперсредна категорија и првиот мексикански боксер кој стана неприкосновен шампион во која било тежинска категорија во ерата со три или четири појаси.
Канело исто така беше прогласен за боксер број 1 на годината од страна на магазинот Ринг по втор пат од 2019 година.