Канело лумпуваше со шампионот во Формула 1 (ФОТО)

Апсолутниот светски шампион Сoл Алварез-Канело се сретна со новиот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред бул, Макс Верстапен. Двајцата празниците ги продолжуваат со забави, се сретнале на забава во Мајами, САД. Шампионите го овековечија моментот со фотографија на социјалните мрежи, која ја објави сопругата на Мексиканецот Фернанда Гомез.

Во изминатата 2021 година, Сол Алварез имаше три меча, освојувајќи ги сите титули во категоријата. Тој забележа и најголем приход од хонорари за натпревари во текот на годината, од сите боксери, 88 милиони долари.

Што се однесува до Макс Верстапен, Холанѓанецот стана светски шампион за прв пат во кариерата. Натпреварувачот на Ред бул ја урна долгогодишната хегемонија на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО