Канело ја одложи борбата планирана за септември

Сол Алварез (52-1-2, 35 КО) нема да се бори во септември како што беше планирано.

ВБА, ВБЦ и ИБФ шампионоте во средна и ВБА „регуларен“ првак во суперсредна категорија ги промени плановите поради неможноста да пронајде соодветен противник.

Тимот на Канело преговараше за борба со шампионот на ВБО во полутешка категорија Сергеј Ковалев, но Русинот на 24 август ќе се бори со задолжителниот предизвикувач Ентони Јард.

Рускиот тим не ја прифати финансиската понуда од таборот на Канело.

Понудите се испратени и на ВБО шампион во средна Димитри Андраде и на ВБО првакот во средна категорија на Џејм Мунгуи, но стриминг сервисот ДАЗН со кој Канело има договор најмногу е заинтересиран за трет меч против Генадиј Головкин за кој Мексиканецот не беше заинтересиран во септември.

Алварез обично настапува во септември и мај околу мексиканскиот празник Cinco de Mayo (Чинко де Мајо) и Денот на независноста.

„Како Мексиканец, должност ми е и чест да ја претставувам мојата земја и во мај и во септември. Тоа се моите датуми. Но, како светски шампион во неколку категории, имам обврска да учествувам во највозбудливите и најнапнатите борби. За да им го пружиме на навивачите она што го заслужуваат, така одлучија Голден бој и мојот тим, да го одложиме датумот на борбата “, рече боксерот.

Канело последен пат во рингот беше во мај, кога во мечот за обединување на титулитево средна категорија со едногласна одлука го победи првакот на ИБФ, Даниел Џејкобс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО