Канело издоминира против Чавез

Ако и постоеше прашањето кој е најдобриот и најпопуларниот боксер во Мексико во ова време, Сол Алварез даде јасен одговор.

Канело во целост доминираше во борбата против Хулио Цезар Чавез Јуниор и го победи со едногласна одлука на судиите. Сите тројца судии му ги дадоа сите рунди од мечот на Канели – 120-108.

Пред 20.000 фанови во Вегас, Чавез се обидуваше да се боксира со многу побрзиот Канело, кој покрај тоа беше и  попрецизен и посилен и не го почувствува ефектот од ударите на противникот,. Чавез покажа солидно ја сочува брадата, примајќи  повеќе леви крошеа, задни и предни директи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО