Канело Алварез и Генадиј Головкин со борбата на 16 септември ја остварија трета најголема заработувачка во историјата на боксот.
Спортската комисија Невада објави дека приходите од продажбата на распродадениот дуел во Т-Мобиле арена изнесувале 27.059.850 американски долари.
Продадени се 17.318 билети, а се поделени 934 билети.
Флојд Мејведер-Мани Пакијао и Мејведер-Конор Мек Грегор се единствените борби во боксерска историја кои заработиле повеќе од продадените билети.
Мејведер и Пакијао заработија 71.198.500 долари од 16.219 продадени билети и Мејведер и Мак Грегор 55.414.865 од 13.094 продадени билети.
Пред борбата Канело-Головкин на трето место беше поразот на Канело од Мејведер.
Поради нерешениот резултат на првиот меч, се очекува ГГГ и Канело повторно да се сретнат, најверојатно на 5 мај следната година.
Мексиканецот изјави дека нема намера да се бори до мај, додека Казахстанецот ќе се врати во ринот во декември.