Канело: Головкин ќе продолжи да зборува, но ривалството заврши

Мексиканската боксерска ѕвезда Сол Алварез – Канело изјави дека раивалството со Генади Головкин целосно е исчезнато – по две многу оспорувани битки во средна категорија.

Боксерите се боре нерешено во 2017 година, а во 2018 година во спетмеври, повторно по многу контроверзен дуел, Канело победи во судиска одлука. Двете средби се одржаа во Лас Вегас.

ДАЗН, стриминг сервисот, кој има договори со двајцата боксери, даде се од себе за да организира трета битка, но Канело не покажа интерес.

Сега Мексиканецот се качува цели две категории погоре за да се соочи со ВБО шампионот во лесна категорија, Сергеј Ковалев.

Головкин, кој претходно овој месец забележа победа над Сергеј Деревјанченко, сè уште бара трилогија, но Канело не подлегнува.

„Кога еден спортист е во цут, секогаш има луѓе кои го поддржуваат или не се согласуваат со неговите одлуки, но тоа е нормално. Тоа е дел од процесот да се биде успешен човек. Честопати, луѓето коментираат без навистина да го разбираат боксот.

Драго ми е што победив во вториот дуел, затоа што многумина и ја затворив устата. Головкин ќе продолжи да зборува за мене, но ривалството заврши. Вече не е предизвик за мене.

Од друга страна, Ковалев е голем предизвик. Среќен сум и мотивиран, затоа што тоа ќе биде страотна битка. Носи многу ризик и ми се допаѓа, затоа што ќе испишам историја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON