Канело го потврди реваншот со Бивол

Познатиот мексикански боксер Сол Алварез – Канело им потврди на новинарите дека во септември планира реванш со Дмитри Бивол.

Русинот во последната борба му го нанесе првиот пораз во кариерата на поранешниот светски шампион во средна категорија (до 76,2 кг), Мексиканецот Жилберто Рамирез.

Следната борба на Канело ќе се одржи во неговата родна земја Мексико. Сол на 6 мај ќе се соочи со британскиот боксер Џон Рајдер.

Потсетуваме дека во својата последна борба, која се одржа во септември 2022 година, Алварез со едногласна одлука го победи казахстанскиот ветеран Генади Головкин, нанесувајќи му го вториот пораз во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО