Канело: Го добив овој меч (ВИДЕО)

Апсолутен светски шампион во суперсредна категорија Канело Алварез верува дека го добил мечот со шампионот на ВБА во полутешка категорија, Дмитри Бивол. Мексиканецот го доживеа првиот пораз во професионалниот ринг по пауза од речиси 9 години. Тој загуби со 0-3 од Русинот, бидејќи сите тројца судии досудија 115-113 за Бивол.

Канело првично веднаш по мечот изјави дека неговиот противник победил бидејќи се претставил подобро од него. На прес-конференцијата што следеше, ѕвездата сепак се чини дека се предомисли, обвинувајќи ги судиите за конечниот резултат и се чини дека ќе гледаме уште една средба меѓу нив.

„Го добив овој меч. Можеби изгубив четири или пет рунди. Но, дефинитивно не го загубив. На самиот крај, можеби малку се изморив, но генерално се чувствував добро. Не се чувствувам како да сум изгубил. Можно е килограмите да имаа некаков ефект врз мене, бидејќи не бев 100 отсто на средбата“, изјави Канело.

Спротивно на тоа, неговиот менаџер, Еди Херн, ја призна супериорноста на Бивол. Британецот е уверен дека по исходот од оваа средба, сега Алварез ќе ја одложи планираната трилогија со Генади Головкин во септември и ќе се фокусира на реваншот со Русинот.

„Според мене, судиите досудија правилно. Тој го доби мечот. Мислам дека супериорноста на Бивол е причината за поразот на Канело, а не нешто друго. Му честитам затоа што ова е навистина незаборавна ноќ за Дмитри. Тој се претстави совршено, во вистинско време“, изјави Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО