Канело Алварез стана најплатениот спортист во светот со договор вреден 365 милиони долари

Сол Алварез – Канело стана најплатениот спортист на светот по потпишувањето на договорот со спортскиот стриминг сервис DANZ вреден 365 милиони долари.

Мексиканецот со овој договор го надмина досегашниот најплатен спортски договор на бејзбол играчот Џанкарло Стентон кој во 2014 година потпиша со Њујорк Јенкис на 13 години за 325 милиони долари.

На годишно ниво Алварез ќе заработува нешто помалку од Лионел Меси, кој според инфомациите на Форбс е со годишна плата од 84 милиони долари.

Договорот на Алварез е на пет години со 11 борби на моментално најголемата боксерска ѕвезда и повеќекратен светски шампион во средна категорија.

Првата борба на Алварез опфатена во договорот е на 15 декември во Медисон сквер гарден против Роки Филдинг, во суперсредна категорија.

28-годишниот Алварез е роден во Гвадалахара. Во 53 борби во кариерата има забележано 50 победи, од кои 34 со нокаут, а доживеал само еден пораз, од Флојд Мејведер во 2013.

https://youtu.be/Z0YGRqTcC3A

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО