Актуелниот апсолутен светски шампион во суперсредна категорија (до 76,2 кг), Мексиканецот Сол Алварез – Канело (58-2-2, 39 КО) изрази мислење дека легендарниот Мухамед Али е најдобриот боксер во историјата.
Али беше шампион на XVII Летни олимписки игри во 1960 година, апсолутен светски шампион во тешка категорија (1964-1966, 1974-1978). Признат како „Спортист на векот“ од неколку спортски публикации.
Во текот на кариерата имаше 61 борба во кои извојува 56 победи (37 беа со нокаут) и претрпе 5 порази. Мухамед почина во 2016 година на 74-годишна возраст.
„Мухамед Али е најдобриот боксер во светот. Најдобриот досега“, изјави Алварез на каналот GQ Sports на на Јутјуб.