Канело Алварез ја брани титулата против Џон Рајдер во неговиот роден град

На големата боксерска ѕвезда Канело Алварез му се исполни желба. Славниот Мексиканец (58-2-2, 39 КО) конечно ќе боксира дома на 6 мај во Гвадалахара против Британецот Џон Рајдер (32-5, 18 КО), задолжителниот предизвикувач на ВБО.

Промоторот Еди Херн веќе некое време најавува дека Рајдер ќе биде следниот противник на Канело, иако навивачите сакаат да видат реванш против Бивол.

Во овој меч Мексиканецот ќе ги понесе шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО во суперсредна категорија.

„Тој момент засекогаш ќе остане запишан во историјата на боксот и на мексиканскиот спорт. Канело Алварез ја брани титулата во родниот град пред 50.000 фанови. Тоа ќе биде незаборавна ноќ“, рече Еди Херн и додаде:

„Рајдер е задолжителен предизвикувач кој се со големите победи против Даниел Џејкобс и Зек Паркер се извади за своите грешки, па сега е подготвен за овој огромен предизвик. Се гледаме на 6 мај во Гвадалахара на многу посебен боксерски настан“.

Мексиканецот во мај минатата година загуби од Дмитри Бивол со одлука на судиите во мечот за појасот во полутешка категорија на ВБА, а четири месеци подоцна се врати со победа во трилогијата против Генади Головкин.

Џон Рајдер има четири победи во низа, од кои последната ја освои лани во ноември против Зак Паркер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul Alvarez (@canelo)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON