Канело Алварез доминираше и убедливо го совлада Џон Рајдер

Апсолутниот шампион во суперсредна категорија, Канело Алварез (59-2-2, 39 КО) го победи задолжителниот предизвикувач на ВБО Џон Рајдер (32-6, 18 КО) со едногласна одлука на судиите во дванаесет рунди.

Пред 55.000 навивачи на стадионот Акрон во Гвадалахара, мексиканскиот боксер доминираше и убедливо оствари победа над Горила, а ги одбрани шампионскиот појас ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и Ринг.

Веќе по неколку рунди беше јасно дека Канело за класа е подобар боксер.

До третата рунда Мексиканецот со притисокот му нанесе голема штета на Рајдер, кој почна да крвари од устата и носот.

Во петтата рунда со одлична комбинација го собори Британецот, а судијата мораше да брои. Џон некако ја преживеа рундата.

Силниот Рајдер го издржа остатокот од мечот, а на нозе го дочека последниот удар во гонгот.

На крајот убедливо победи Канело: 120-107, 118-109, 118-109.

Мексиканската ѕвезда за овој меч ќе добие десет милиони долари, како и додаток од продажбата на преносите на ППГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО