Канело Алварез: Целта ми е да го испратам Головкин во пензија

Неприкосновениот светски шампион во суперсредна категорија Сoл Алварез – Канело (57-2) ја објави својата желба да ја заврши кариерата на шампионот во средна категорија на ИБФ и ВБА, Генади Головкин (42-1). Третата борба меѓу Алварез и Головкин ќе се одржи на 17 септември.

Алварез и Головкин двапати се бореа во минатото. Во првата борба, која се одржа во септември 2017 година, судиите досудија нерешено (118-110, 115-113, 114-114). Во втората борба, која се одржа во септември 2018 година, Алварез победи со одлука на суидиите (114-114, 115-113, 115-113).

Сега, 4 години подоцна, време е за третата епизода. Канело не сака само да победува, сака да го пензионира противникот.

„Мојата цел е да го испратам Головкин во пензија. Ќе имам одличен камп за да ја постигнам таа цел“, изјави Мексиканецот во интервју за Јутјуб на Little Giant Boxing.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON