Сопствениците на УФЦ стануваат големи и богати.
Се очекува ВМЕ-ИМГ/WME-IMG (компанијата која е сопственик на УФЦ) да добие инвестиција од 1,1 милијарди долари, вклучувајќи главно канадски пензиски фондови и сингапурски инвестициски фондови, а договорот се очекува да биде финализиран до средината на август, според новинскиот сајт The Wrap.
Инвестицијата ќе ја зголеми вредноста на ВМЕ-ИМГ од 5,5 милијарди долари во 2016 година на 6,3 милијарди долари.
Според „The Wrap“, Silver Lake Partners (главен акционер во ВМЕ-ИМГ) испратија писмо до инвеститорите информирајќи ги дека овој потег ќе им овозможи купување на акциите на помалите партнери на УФЦ и ќе обезбеди дополнителни средства за различни проекти.
Предметните странски инвеститори се Канадскиот пензиски фонд и Државниот инвестициски фонд на Сингапур, кои веќе се во ограничено партнерство со Silver Lake.