Биспинг ќе го брани појасот против Сент Пјер на УФЦ 217

Сепак, Жорж Сент Пјер ќе се врати во УФЦ во борба за титулата во средна категорија.

Поранешниот владетел на 4 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк ќе се сретне со шампионот во категоријата до 84 килограми Мајкл Биспинг во неговата втора одбрана на титулата.

Сент Пјер не се борел од 2013 година кога ја бранеше титулата против Џони Хендрикс. Од друга страна, 38-годишниот Англичанец е во низа од пет победи – Ц.Б. Доллавеј, Талес Леитес, Андерсон Силва, Лук Рокхолд и Дан Хендерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО