Камару Усман може да отсуствува цела година

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман откри детали од неговото опоравување од повредата на раката.

Усман оваа повреда ја доживеа во борбата со Колби Ковингтон на турнирот УФЦ 268 кон крајот на 2021 година. Камару победи со одлука на судиите, но плати висока цена.

Нигерискиот кошмар влезе во серија од 20 последователни победи. Има 5 последователни одбрани на титулата. Се очекуваше Усман да му се реваншира на Леон Едвардс во август, но очигледно плановите се менуваат.

„Она на што се надевав беше дека докторот ќе рече: „Еј, во ред, добро си“. Но, тоа не се случи. Тој ми рече дека имам проблем со тетивата на раката.

Така, закрепнувањето може да потрае некое време. Ако не ја излечам целосно оваа повреда, тогаш можеби ќе пропуштам цела година, а можеби и повеќе.

Ја ценам кариерата и затоа нема да брзам“, изјави Усман за ММА Џанки.

Се чини дека ситуацијата во полусредна категорија оди на привремена титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON