Френсис Нгану му честиташе на Мбапе за останувањето во ПСЖ

Неприкосновениот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану и честиташе на ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Неодамна стана познато дека Мбапе одлучил да остане во Франција до летото 2025 година. Се зборуваше дека Мбапе ќе премине во Реал Мадрид, но тоа не се случи.

Очигледно Нгану е задоволен од одлуката на 23-годишната ѕвезда. Килијан игра за ПСЖ од 2018 година и има 106 гола на 115 натпревари. На социјалните мрежи Нгану објави фотографии со Мбапе и напиша:

„Честитки до мојот брат Мбапе за неговиот повторен потпис со ПСЖ. Тој е сегашноста и иднината на светскиот фудбал уште многу години“.

Нгану моментално се опоравува од операцијата и ќе отсуствува до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО