Шампионот во полутешка категорија Камару Усман и Хорхе Масвидал за малку не се степаа за време на сесијата за медиумите во Радио Роу во Мајами.
Двајцата се во Флорида и притоа беа поканети да учествуваат на сесијата за медиумите, но тоа не беше добра идеја. Усман и „најлошото копиле“ во ММА влегоа во расправија и навредите почнаа да летаат.
Во моментов битката меѓу нив е најзначајна со оглед на она што се случува во категоријата, а тие рекоа дека УФЦ сака да ги судри за титулата. Оваа закачка во Мајами уште повеќе ќе ги запали приврзаниците кои сакаат да ги видат во кафезот.
Погеднете што се случуваше меѓу нив: