Јоана Јеџејчик се пошегува со трагедијата во Кина и ја изнервира Вејли Жан

Поранешната шампионка во сламка категорија Јоана Јеџејчик го навлече гневот на противничката и нејзините фанови. Полјачката се пошегува со трагедијата што се случува во Кина пред нејзината борба во март со Вејли Жан на УФЦ 248. Јоана објави фотографија на социјалните медиуми со маска за гас, што е несоодветно со оглед на смртоносниот коронавирус што ја нападна Кина и однесе скоро 200 жртви.

Ова дефинитивно ја мина границата, а Жан рече дека Јеџејчик си го покажала вистинското лице, па поранешната шампионка побрза да се извини.

Жан: Да се шегуваш со трагедијата го покажува твојот карактер. Луѓето умираат, нечиј татко, нечија мајки, нечие дете. Кажи што сакаш за мене, ако тоа те тера да се чувствуваш посилна, но не се шегувај со она што се случува овде. Ти посакувам добро здравје до 7 март. Ќе те видам наскоро.

Јоана: Здраво, Вејли. Жал ми е за тоа што се чувствуваш лошо. Никогаш не би се подигрувала со болни луѓе или вирус. Не сакав да те навредам. Само се забавував на социјалните мрежи. Не потпаѓај на емоции.

https://www.instagram.com/p/B76n0hKp4kg/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B76CKOrpsFz/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО