Камару Усман доби улога во познат филм на Марвел

Многу борци во текот кариерата се испробаа во актерството. Некои дури го напуштија спортот за да се посветат на актерството, а најпозната од нив е Џина Карано.

Но, сепак има и такви кои застанаа пред камерите како Валентина Шевченко, Ронда Русеј, Мајкл Биспинг, Квинтон Рампејџ Џексон…

И Даниел Кормиер доби улога во серијата, која ќе се снима по моделот на филмот Воин.

А Кормиер за време на шоуто пред настанот на УФЦ 277 откри дека и Камару Усман влегол во актерскиот свет.

Всушност, шампионот на УФЦ доби улога во продолжението на познатиот филм на Марвел „Црниот пантер“.

Филмското продолжение „Black Panther: Wakanda Forever“ треба да ја има својата премиера во ноември.

Заштитен знак на филмот е Чедвик Босеман, кој почина од рак на дебелото црево во 2020 година, така што ова продолжение ќе му оддаде почит.

Но, пред премиерата Камару треба да ја одбрани титулата. Усман на 20 август ќе го брани појасот на УФЦ во полусредна категорија против Леон Едвардс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON