Актуелниот шампион на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман не гледа никаква интрига во борбата со Жилберт Барнс и точно знае како ќе заврши конфронтацијата со неговото поранешен пријател и соборец.
„Даниел Кормиер рече оваа недела дека и јас и Жилберт знаеме кој ќе победи оваа сабота, и тоа е вистина, иако ми се допаѓа самодовербата што ја покажува во јавноста“, рече Усман.
„Тој заврши одлична работа низ годините и ќе даде се од себе, но јас ќе го сторам тоа што секогаш го правев, натпреварувајќи се со него. Така да – и двајцата знаеме како ќе заврши мечот“, продолжи шампионот.
Запрашан за неговата врска со Барнс, Усман рече дека не може да се чувствува пријателски настроен кон човек кој решил да му одземе она што му припаѓа.
„Многу луѓе пишуваат за нас како пријатели и соборци кои треба да се борат еден со друг, но веќе не гледам пријатели тука. Колку повеќе може да биде лично кога пријателот со кој тренирате секој ден одеднаш ќе рече: „Ми треба она што го имате и ќе го земам“. Значи, не може да зборувате за никакво пријателство. Ќе влезам во октагонот и ќе го перцепирам како и секој друг противник“, објасни Усман.
Борбата за титулата во полутешка категорија помеѓу Камару Усман и Жилберт Барнс ќе биде главниот меч на УФЦ 258 што ќе се одржи на 13 февруари во Лас Вегас.