АктуелноМеѓународна сценаММА

Каква војна! Геjџи е повторно привремен шампион, а веќе имаме фаворит за борба на годината!

Американскиот ММА борец и двократен предизвикувач Џастин Гејџи е привремен шампион во лесна категорија на УФЦ. На настанот УФЦ 324 во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, „Хајлајт“ го победи со едногласна одлука Англичанецот Педи Пимблет.

Борецот од Ливерпул бркаше десетта победа по ред за да докаже дека припаѓа на врвот на дивизијата, додека 37-годишниот Џастин бара пат до уште една борба за титулата во УФЦ.

Во фантастичен меч полн со акција и одлични движења, Гејџи беше поуспешен и оствари голема победа. Судиите пресудија во негова корист: 48–47, 49–46, 49–46.

Американецот по втор пат го освои привремениот појас во лесна категорија, а веројатно подоцна оваа година ќе ја има следната борба против шампионот Илија Топурија.

Во дуел меѓу двајца од најдобрите борци во бантам категорија, Шон О’Мели со едногласна одлука во тесен натпревар го победи Сонг Јадонг.

Со оваа победа, Суга потенцијално стана следниот предизвикувач доколку Мераб Двалишвили земе подолга пауза, бидејќи Петар Јан би можел да го одбрани шампионскиот појас против друг противник.

Со победа над Кинезот О’Мели ја прекина серијата од две порази што ја претрпе против Двалишвили. Тоа беше негова 19-та победа во кариерата.

Поранешниот противник на Делија, Валдо Кортез-Акоста, ја забележа трета победа по ред. Доминиканскиот тешкаш со прекин во втората рунда го победи Американецот Дерик Луис.

Ова е 17-та победа во кариерата на Валдо и деветта со нокаут. Доколку биде толку убедлив во следната борба, веројатно би можел да добие шанса да се бори за титулата.

Во првите борби од главната програма Наталија Силва со едногласна одлука ја победи Роса Намахунас, а Жан Силва на ист начи го победи Арнолд Ален.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Резултати од УФЦ 324:

Џастин Гејџи – Педи Пимблт – едногласна одлука (48–47, 49–46, 49–46)
Шон О’Мели – Сонг Јадонг – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Валдо Кортез-Акоста – Дерик Луис – ТКО (удари), Р2 (3:14)
Наталија Силва – Роуз Намахунас – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Жан Силва – Арнолд Ален – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)

Прелиминарни борби:

Умар Нурмагомедов – Деивсон Фигуердо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Атеба Готје – Андреј Пуљаев – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Никита Крилов – Модестас Букаускас – нокаут (удари), Р3 (4:57)
Алекс Перез – Чарлс Џонсон – технички нокаут (удари), Р1 (3:16)
Џош Хокит – Дензел Фримен – технички нокаут, Р1 (4:59)
Тај Милер – Адам Фугит – технички нокаут (колено и удари), Р1 (4:59).

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON