АктуелноБорењеОстанато

Андреа Нисева надмоќно до златниот медал на Државното првенство на Бугарија

Македонска машина Олимпија – Штип, Андреа Нисева е неприкосновена на душекот за борење на Државното првенство за кадети (У-17) на Бугарија во Сливен. Андреа беше надмоќна над своите противнички и извојува четири победи за златен медал до 61 кг.

„Спортистка со најголем потенцијал со која Македонија може да се гордее на европските и светските првенства и најголемата титула, Олимпијада. Олимписки победник, мечта и сон на секој спортист. Држава и тренер да има таков талент, но за жал, институциите и одговорните за спорт во Македонија се недостапни и незаинтересирани. Како спортист, Андреа Нисева, која настапува за Бугарија, не по нејзината вина, туку на надлежните кои го водат борењето и одговорните, то ест Министерството за спорт кое го поддржуваат зулумот и теророт во спортот за личен интерес“, вели тренерот на Нисева и на БК Олимпија од Штип, Методи Сичков и додава:

„А најлошото е тоа што овој зулум и неправда се спроведува на децата, на најмладите. Дискриминација на спортистите и уништување во корен. Андреа е еден таков пример, а уште 100-тици спортисти и клубови како Олимпија, Безбедност, Тигар, Вардар“.

Според Сичков, најзасегнати се актуелните клубови кои мислат дека прават нешто за спортот и државата, унапредувајќи го борењето со натурализирани спортисти.

Тоа е само отскочна штица за тие спортисти од Русија кои си ги плаќаат државјанствата за да можат слободно да шетаат по Европа. Македонија да ги финансира како заслужни спортисти со доживотни пензии, средства кои се одлеваат од буџетот на Македонија. Спортисти се протеруваат и уништуваат без никој да преземе некаква одговорност“, вели Сичков.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON