Каква идеа! Патот до кафезот на Давид Рикелс едноставно ќе ве воодушеви (ВИДЕО)

David Rikels

Дали знаете што е “Manequin Challenge“? Доколку знаете, веќе ви е јасно каде води сето ова, и ако се уште не сте запознаени со овој „предизвик“ кој ја збесна Америка, потоа и светот, погледнете како се прошета до кафезот Давид Рикелс.

Значи, станува збор за ситуација кога сите учесници се едноставно се скаменуваат во одредени пози и изгледаат како да се во прашање кукли. Досега видовме многу успешни, но и не толку успешни случаи од истото, но ова што го изведе Давид Рикелс при влегувањето на неговата борба на Белатор 171 е еден од подобрите примери.

Имено, освен борецот и неговиот тим, овој предизвик автоматски го прифатија и сите членови на публиката и се изгледаше феноменално. „Дивјакот“ се одработи во стилот на својот прекар, а на крајот дојде до кафезот и со убедлив перформанс го победи својот противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО