Каков ѕвер: Кро Кап никогаш не изгледал појако и поподготвен (ФОТО)

Иако е во заслужена пензија, Мирко Филиповиќ – Кро Кап се уште напорно тренира во својата сала во Гајница. Не е тајна дека легендарниот борец сакада направи проштален меч против Федор Емилијаненко, но ако не успее во овој план, ќе биде запаметен како одличен борец кој ја заврши кариерата на најспектакуларен можен начин – со седум последователни победи и победничкиот појас на Ризин Гран при.

Филиповиќ оваа недела објави фотографија по тренингот од својата сала во која изгледа уште подобар, уште помоќно и уште поподготвен. Тешко е да се замисли дека има 42 години, а според физичките способности Кро Кап е дефинитивно подготвен за арената!

Фотографија собра речиси 15.000 „лајкови“ и многу брзо осамна и на најпознатиот форум за боречки вештини во светот Mixedmartialarts.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/1595165197194838:0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON