Како судиите го оценија мечот Џошуа – Поветкин?

Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) го нокаутира во седмата рунда Александар Поветкин (34-2, 25 KO) и ја направи првата успешна одбрана на трите титули во тешка категорија. Борбата целосно ги оправда големите очекувања на навивачите, а иако 39-годишниот Русин за прв пат во својата кариера беше нокаутира, тој ја заслужи почитта на сите поддржувачи на спортот со доблесните перформанси.

Статистиката покажува дека Џошуа упатил два пати повеќеудари од својот противник, но особено во првите три рунди за сите беше видливо дека Поветкин е агресорот и токму тој почесто напаѓаше.

Интересно е да се одбележи дека тројцата судии на рингот му дадоа предност на Џошуа во првите шест рунди на борбените картички. Двајца од нив го напишале резултат 58-56 (4- 2 рунда), а еден од нив бил уште поуверен во супериорноста на Британецот со 59-55 (5-1 рунда).

За среќа, за разлика од друг неодамнешен грандиозен дуел меѓу Генади Головкин и Канело Алварез, овој пат не се стигна до контроверзии со судиките одлуки, бидејќи Џошуа го нокаутира Поветкин и веќе гледа кон следниот меч во април 2019 година повторно на „Вембли“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON