Објавена е првата борба на УФЦ 200.
Поранешниот шампион во тешка категорија, Каин Веласкез, ќе се бори со Тревис Браун на 9 јули во новата кампања на Т-Мобиле арена во Лас Вегас.
На Веласкез тоа ќе му биде првата борба по пораз против Фабрицио Вердум и губење на титулата. Поради повреда мораше да се откаже од реванш мечот со Бразилецот и Миочиќ доби шанса.
Андерсон Силва првата победа од 2012 година ќе се обиде да ја направи на УФЦ 198 во Куритиба. Поранешниот шампион на 14 мај треба да се бори против Урија Хол