Кагава разјасни многу заблуди, но беше фасциниран од Охрид и Струга! (ФОТО)

kagava, zivko i uste eden muabet

Масао Кагава е вистински комплетен тренер и држи феноменални тренинзи, се првите зборови на сенсеи Живко Дракуловски по завршувањето на првиот семинар за кати со големиот мајстор на на каратето.

„Ги обработи со многу вежби Џион, Енпи, Канку шо, Унсу и Гоџу шихо шо. Вториот семинар за кумите и ВКФ кумите почхнува утре во 9:30 часот и во двата дена ќе се одржат четири тренинга од по два часа“, објаснува возбудено Дракуловски.

кагава семинар кати сите

Инаку, вчера е одржана трибина, при што Кагава зборувал на јапонски, Бруно Николовски придонел со оригиналниот превод од македонски на јапонски за по опсежни одговори од страна на Кагава.

Едно од прашањата на трибината на еден млад каратист било да практично да се покаже изведба на ката со природно дишење. Така што многу заблуди се објаснети за дишењето во кати, но и во  кумите.

Kagava vo Struga

„Како добри домаќини на Кагава му ја покажавме Струга, излевањето на Црн Дрим од Охридското Езеро. Во Охрид бевме на Самоиловата тврдина и Климентовиот универзитет , катедралната црква „Света Софија“, но и на пристаништето. Зборот „казе“  на јапонски значи ветер и разладувањето со ветерот на пристаништето за присутните беше вистинска радост по период на топли денови и во Македонија и во Јапонија. Денеска на гостинот ќе му ги покажеме убавините на „Свети Наум“, каде што, покрај посетата на манастирскиот комплекс, со кајче ќе биде прошетан  до  изворот на Дрим и ќе има ручек на светски познатото островче“, задаволно објаснува Дракуловски.

kagava i zivko razgovaraat

Кагава и Дракуловски ќе бида во друштво со присутните инструктори од Бугарија и Србија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON